Холандскиот град Амерсфорт ја доби престижната титула европски град на годината. Оваа титула му ја доделија од Академијата за урбанистичко планирање во Лондон, кои го посетија Амерсфорт за да ги проценат неговата одржливост и урбанистичко планирање и управување. Во таа пригода го пофалија за неговиот квалитет на живот, како и за начинот на кој ги задржал карактерот и културното наследство.
– Амерсфорт се фокусира на благосостојбата и среќата на своите граѓани, од селењето, преку ограничувањето на автомобилите, до обезбедувањето разновидни и висококвалитетни домови по пристапни цени – соопшти жирито на Академијата.
Иако ова е историски град за кој веројатно никогаш не сте слушнале, има многу канали и велосипеди, а и музеи, со што многу потсетува на Амстердам.
Сместен во близината на Амстердам, може да се пофали со стар град со згради што датираат од средниот век. Улицата Мурхаузен се смета за една од најубавите во целиот град, каде што туристите сакаат да шетаат, да посетуваат продавници и да јадат во еден од рестораните.
Како и главниот град на Холандија, Амерсфорт исто така има каналски систем, полн со мостови, кои може да се истражат при обиколка со брод.
За љубителите на уметноста, градот е дом на втората по големина колекција на слики од Ван Гог. Тој е исто така и родно место на неопластичниот уметник Пиет Мондријан, а посетителите можат да се упатат кон куќата „Мондријан“, родното место и домот на детството на сликарот.
Исто така, една од туристичките атракции е и кулата „Ливе вруве“, која е висока само 100 метри, но доколку се искачите на неа, ќе бидете наградени со прекрасен поглед на градот.
Амерсфорт беше во потесниот избор за наградата заедно со Естепона, која е лоцирана во Шпанија, и со Ексетер, кој се наоѓа во Англија.