Како што се приближуваме до зимските месеци, можеби се чини дека заразувањето со некоја болест е неизбежно. Без разлика дали станува збор за обична настинка, грип или ковид, нашата подложност на инфекции се зголемува во овој период од годината. Постојат некои чекори што можете да ги преземете за да го ограничите ризикот од инфекција.
Еден ефикасен пристап е да се управува со внесувањето витамини, особено со витаминот Ц, кој нуди широк спектар здравствени придобивки. Тие вклучуваат зајакнување на имунолошкиот систем, поддршка на психолошката функција, ублажување на заморот и исцрпеноста, заштита на клетките од оксидативен стрес и обезбедување благосостојба на кожата, крвните садови, коските и ‘рскавицата.
Саманта Гринер, велнес-експертка во „Симпли саплементс“, ги споделува десетте најдобри овошја и зеленчуци богати со витамин Ц.
Портокали
Портокалите се апсолутно полни со витамин Ц.
– Обидете се да го додадете ова вкусно овошје во вашите житарки за појадок или да направите сочна овошна салата. Покрај витамин Ц, портокалите се богати и со фолати, калциум и магнезиум – советува Гринер.
Домати
Додавајте домати во салати, тестенини и супи за да го зголемите внесувањето на витамин Ц, а богати се и со калиум и фолна киселина.
Брокула
Иако обично го готвиме или печеме овој разновиден зеленчук, Гринер вели дека најдобриот начин да се добие витамин Ц е да се јаде свеж или приготвен на пареа.
– Тоа е совршен гарнир од зеленчук, исто така размислете да го користите во сокови, супи и салати – вели таа.
Пиперки
Пиперките се одлични поради витамините Е и К и се извор на влакна.
Јагоди
Бобинките се одлично задоволство за зголемување на витаминот Ц во вашата исхрана.
– Додајте ги во житарките за појадок или само јадете ги свежи – советува Гринер.
Кељ
Често најавуван како суперхрана, Гринер вели дека кељот е преполн со витамини Ц и Е, кои поддржуваат здрав имунолошки систем.
Прокељ
Зеленчук што разединува, но нема сомнеж дека е многу важен кога станува збор за исхраната. Прокељот е одличен извор на витамини Ц и К. Обидете се да го испечете и да го додадете во пржено месо или пробајте го свеж во салата.
Компир
Тоа веројатно не е првиот зеленчук на кој би помислиле кога станува збор за витаминот Ц, но Гринер вели дека е одличен извор на витамин Ц, како и на Б6, калиум и влакна.
Црни рибизли
Овие ситни бобинки се полни со витамин Ц. Додајте ги во житарки, овошна салата или јогурт за вкусна закуска.
Киви
Полно со витамин Ц, кивито е исто така одличен извор на витамин К и растителни влакна.
– Одличен додаток во грчки или природен јогурт или додадено во кашест сок – додава таа.