Фото: Пиксабеј

Копривата ја користеле Античките Грци и Римјани за лекување многу болести. Ретко кое лековито растение може да лекува широк спектар на заболувања: зголемена простата, анемија, болести на жолчното ќесе и слезината, како и заболувања на црниот дроб, но и чир на желудникот, настинки, кожни болести и камења во бубрезите. Експертите за алтернативна медицина денес најчесто ја вклучуваат копривата, како во природните рецепти така и во третманот на дијабетес, ревматоиден артритис и алергии – епидемии на 21 век.
Како копривата им помага на дијабетичарите? Студиите откриваат дека лисјата и стеблата помагаат во намалување на нивото на гликоза во крвта, така што може да помогне во лекувањето. Лековитите состојки на копривата го стимулираат панкреасот да ослободува инсулин, а во исто време го промовираат дејството на ензимот, кој ги разградува јаглехидратите. Благодарение на ова, телото побавно ја апсорбира гликозата и го спречува наглото зголемување на нивото на шеќер во крвта. Рецептот е да се исцедат неколку листа свежа коприва наутро во соковник и потоа да се испие сокот разреден со вода, 15 милилитри сок со половина чаша вода и секогаш да се пие свежо измешан.
Помошта при ревматоиден артритис се огледа во тоа што ова растение ги намалува воспалителните процеси во организмот и на тој начин ги ублажува симптомите на оваа болест на современиот човек. Лисјата имаат благотворно дејство и кога некој е во мирување и кога е активен. Поточно, масирањето на телото со коприва ја стимулира циркулацијата, а ставањето листови на болни места исто така ги намалува симптомите на артритис и ишијас, покажуваат студиите. Имено, кога листовите ќе дојдат во контакт со кожата, тие влијаат како поттикнувачи за производство на хистамин и серотонин во телото, што ја ублажува болката.
Во едно истражување, дури 57 отсто од пациентите изјавиле дека копривата им ги ублажува симптомите на алергија, а 47 отсто од нив потврдиле дека им помага повеќе од класичните лекови.