Фото: Архива

Епидемијата на коронавирус која беснее низ светот трета година по ред, предизвика поголем број луѓе кои се заразиле да страдаат и од згрутчување на крвта, пишува „161.ру “.

Доматите можат да бидат одлично средство за спречување на ова заболување – помагаат да се разреди крвта и со тоа, за намалување на можноста од тромбоза, се вели во заклучокот на научен труд од Шкотска – пренесе МИА.

Истражувачите спровеле експеримент со 200 доброволци. Според резултатите, секојдневното јадење домати ја разредува крвта и до 70 отсто. Последиците се регистрирани кај 97 отсто од учесниците. Испитувачите го поврзуваат тоа со присуството на антитромботичните елементи во ова овошје – флавоноидите.

Покрај тоа, високата содржина на ликопен во доматот ги одржува клетките здрави. Се препорачува доматите да се јадат и свежи, но и приготвени.

– По две минути варење или печење, количината на корисен ликопен се зголемува. Најголемата количина во доматната пулпа е до 1500 милиграми на килограм, објаснува нутриционистката Оксана Видра.

Доматите исто така спречуваат кардиоваскуларни болести, помагаат во борбата против воспаленијата и го подобруваат здравјето на очите поради големата количина на витаминот А.