Студија на „Харвард“
Студијата е започната во далечната 1938 година и продолжува до денес, а првите испитаници биле студенти од „Харвард“ и сиромашни деца од Бронкс.
Луѓето бркаат пари и слава цел живот, но вистинска среќа можат да донесат само добрите односи со блиските луѓе, покажа најдолготрајното истражување за човековата благосостојба досега спроведено во светот, кое трае од 1938 година до денес, како што е опишано во книгата „Добриот живот“ од двајца професори од „Харвард“.
Професорите Роберт Валдингер и Марк Шулц од „Харвард“ ги презентираа резултатите од истражувањето во книгата „Добриот живот“, кое првично опфати 724 учесници и се прошири на повеќе од 1.300 нивни потомци во три генерации.
Книгата од околу 350 страници во десет поглавја зборува за тоа што го прави добар живот, зошто се важни врските, за социјалните вештини и за околината со пријателите, семејството и на работа.
На почетната група од 268 студенти со привилегиран социјален статус од најстариот американски универзитет и еден од највлијателните во светот, „Харвард“, истражувачите додадоа 456 момчиња од сиромашниот дел на Бостон, двојно дискриминирани поради сиромаштијата и имигрантскиот статус на нивните родителите, со цел да се обидат да ги споредат нивните животи и да откријат што ќе ги одведе на вистинскиот пат.
Истражувањето може да се сведе на заклучок дека квалитетните врски ги прават луѓето здрави и среќни и дека социјалните врски се навистина добри за луѓето, додека осаменоста ги убива. Сепак, горчливата вистина е дека луѓето тешко разбираат што е добро за нив и често мислат дека тоа е нешто како дестинација по која завршуваат сите проблеми.
– Среќата не е одлука што ја носиме само еднаш во животот, туку е прашање на избор што се повторува од секунда на секунда, од недела на недела, од година на година и секој треба да ја бара среќата за себе – велат тие.
За да се постигне ефектот на среќа децата треба да се учат на социјални вештини, особено денес кога владеат технологијата и околности како пандемии. Тие заклучуваат и забележуваат дека секој од нас може да тргне во потрага по „среќа“ во секој момент и на која било возраст од животот.