Фото: Пиксабеј

Сите знаеме кое место, односно планета е најтопла во нашиот систем, но што е со другите? Експертите велат дека некои други делови од вселената се неспоредливо потопли. Одредувањето на најжешкото место во универзумот не е воопшто лесна задача, пред сѐ затоа што повеќето потенцијални кандидати се наоѓаат на многу голема оддалеченост од нашата планета. Дури и кога експертите ќе постигнат резултат, прашање е колку тој е точен.

Експертите се согласуваат дека најжешкото место во универзумот е местото каде што се случува некој катаклизмичен настан. Сепак, особено се издвојува еден објект – црна дупка. Таа има гравитациска сила од која апсолутно ништо не може да избега. Но додека е ладно внатре, акрецискиот диск околу него вшмукува молекули со голема брзина.

Во оваа пригода доаѓа до големо триење, кое дополнително влијае на зголемувањето на температурата. Температурата може да се зголемува сѐ додека нејзиното магнетно поле се напојува од околната материја. Како се знае тоа? Затоа што експертите ја мерат енергијата што се емитува од супермасивните црни дупки, во форма на снопови светлина, радиобранови и рендгенски зраци.

Ричард Кели, научник за соларни студии во НАСА, објасни за „Лајв сајанс“ дека светлината од далечните објекти поминува низ современите телескопи, по што нивните сензори ја мерат енергијата или брановата должина на зрачењето и тие создаваат спектар. Со детална анализа на тој спектар, можно е да се дојде до заклучок за температурата на предметот што се проучува.

Со таа техника досега успеале да снимат дека небесното тело 3C273 е најжешкото место. Ако зборуваме со бројки, температурата на неговото јадро е над 10 трилиони степени Целзиусови. За споредба, температурата на Сонцето е околу 5.600 степени Целзиусови. Но како што технологијата секојдневно напредува сѐ повеќе и повеќе, научниците се надеваат дека ќе направат нови откритија. Засега кандидатите не се само црните дупки.

Познато е дека секоја експлозија во вселената може да доведе до екстремно високи температури. Така, кога остатоците од супермасивните ѕвезди познати како неутронски ѕвезди ќе се судрат, тие можат да произведат температура од околу 800 милијарди Целзиусови степени. Затоа тие ќе бидат и во фокусот на понатамошните студии.