Пристигнаа топлото време и летото, времето што многумина го чекаат цела година. Иако повеќето луѓе уживаат во летото, има работи што се многу непријатни кога надвор температурата е над 30 степени, што често предизвикува зголемено потење и непријатни миризби. Иако многумина користат дезодоранси за да се чувствуваат посвежо, дерматолозите предупредуваат дека тие не се најдоброто решение во текот на летото.
Дерматологот Амна Адел истакнува дека дезодорансите што многумина ги користат во лето, всушност, можат да ги влошат потењето и непријатните миризби. Таа советува да престанеме да користите дезодоранс бидејќи само го маскираме мирисот на пот и не го спречуваме потењето.
– Треба да го фрлите вашиот дезодоранс во ѓубре. Дезодорансите не го спречуваат потењето, туку само го маскираат мирисот на потта. Мешањето на мирисот на пот со дезодоранс е уште полошо – објаснува таа.
Наместо дезодоранс, таа препорачува да се користи антиперспирант што навистина го намалува потењето и советува и кога е најдобро време да се користи за да биде најефективен.
– Најдобро е да нанесете антиперспирант навечер пред спиење. Иако звучи чудно, додека спиете, потните жлезди ви се помалку активни, па антиперспирантот ќе дејствува подобро – вели Адел.
За оние што се борат со миризбата од пазувите, Адел препорачува миење на пазувите со раствор на паноксил или со производи на природна база со сода бикарбона.