Побарувачката за грамофонски плочи се зголемува 16-та година по ред – со продадени 6,5 милиони плочи во текот на годината и вкупна продажба над 200 милиони евра. Во моментов има 461 независна продавница за плочи во Велика Британија, што е за 122 повеќе од пред 10 години.
– Бројот на продавници за плочи во Велика Британија достигна врв во последната деценија – објави Здружението за дигитална забава и малопродажба (ЕРА).
Според нивните податоци, цитирани од Би-би-си, моментално во Велика Британија има 461 независна продавница за плочи, што е за 122 повеќе од пред 10 години.
ЕРА откри дека музичкиот пазар во Обединетото Кралство минатата година вредел 2,2 милијарди фунти (2,57 милијарди евра), а огромен дел од тоа, 84 отсто, се припишува на претплатите за стриминг. Беше истакнато и дека се зголемува побарувачката за грамофонски плочи 16-та година по ред – со продадени 6,5 милиони плочи во текот на годината и вкупната продажба над 200 милиони евра.
„Танјуг“ пренесува дека 2,2 милиони од тие плочи се продадени во независни продавници, а 128 милиони евра од вкупната продажба се направени од постари албуми, а не од нови изданија.