Францускиот актер Ален Делон ја продаде својата уметничка колекција за повеќе од осум милиони евра. Станува збор за повеќе од 80 уметнички дела во сопственост на актерот.
– Тој не сака постхумни аукции – изјавила актерката Анучка Делон, ќерка на 87-годишниот актер, за француските медиуми.

Повеќе од 80 дела од неговата уметничка колекција се појавија на аукција минатата недела, вклучувајќи го и „Заливот Сен-Адрес“ на Раул Дуфи, кој достигна цена од повеќе од милион евра. Продажбата беше шеста аукција на дела од колекцијата на актерот.

Претходно, меѓу другото, на продажба се најдоа и негови часовници и бронзени скулптури.