Нутриционисти со помош на експерти од разни научни подрачја решиле да ги обелоденат намирниците кои се преполни со токсини и хемикалии. Видни ендоктринолози, агрономи, токсиколози и други нивни колеги при тоа предлагаат и одредени решенија со цел да се сочува и подобри здравјето.

Ендоктринолозите никогаш не би јаделе конзервиран домат во лименка

Проблем: Составот на лименката во која се наоѓаат доматите вклучува и бисфенол А, синтетички естроген, кој е поврзан со заболувања на репродуктивниот систем, срцеви болести и дебелина. Бројни студии покажуваат дека киселоста на доматите влијае на БПА во содржината на лименката и дека ако тоа ги надминува дозволените граници може да предизвика оштетување и на хромозоните.

Решение: Купувајте домати во стаклена амбалажа или во тетрапак, бидејќи овој вид амбалажа не содржи БПА.

Фармерите никогаш не би јаделе месо од говеда кои се хранети со пченка

Проблем: Говедата треба да јадат трева, не житарки. Но денешните фармери ги хранат своите животни со пченка и соја, за брзо да се здебелат. Неодамна спроведената студија докажува дека месото од говедо хрането со трева, во однос на месото од говедо хрането со пченка, е побогато со бета-каротен, витамин Е, омега-3 масни киселини, калциум, магнезиум и калиум и содржи помалку воспалителни омега 6 масни киселини и заситени масти кои според некои студии се поврзани со срцевите заболувања.

Решение: Купувајте месо од говеда хранети со трева. Ако не можете да најдете такво месо во супермаркетите, информирајте се во локалните месарници.

Токсиколозите никогаш не би јаделе пуканки печени во микробранова печка

Проблем: Перфлуорооктанската киселина е составен дел од вреќичките во кои доаѓаат пуканките за микробранова печка, а неодамнешната студија на Универзитетот УКЛА тврди дека спаѓа во класата на состојки поврзани со неплодноста кај луѓето. Исто така, докажано е дека обработката на пуканките со микробранови едноставно ги преселува тие хемикалии од вреќичките во пуканките, а потоа и во телото каде остануваат и се акумулираат со годините.

Решение: Земете лонец, малку масло и вреќичка пуканки. Со малку труд и фантазија можете да направите пуканки со домашен прелив од путер.

Експертите за рибарство никогаш не би јаделе лосос одгледуван во базени

Проблем: Природно мрестилиште на лососите не се базените, ниту природната исхрана на овој вид риби вклучува соја и пилешки отпадоци! Резултат на ваков вид на одгледување е лосос со помалку витамин Д и со повеќе контаминирачки материи, вклучувајќи и канцерогени материи, пестициди како диоксин и ДДТ. Најголемо количество на вака одгледуваната риба доаѓа од северна Европа.

Решение: Обидете се да набавите див лосос (гарантирано дивиот лосос се увезува од Алјаска) или набавете било која друга риба, рибарниците се полни со свежа риба од нашето опкружување.  Поефтина е и поздрава!

Онколозите никогаш не би пиеле млеко произведено со употреба на хормон на раст

Проблем: Производителите на млеко го третираат својот добиток со говедски хормон за раст со цел да го зголемат количеството на произведено млеко. Овој хормон често пати предизвикува инфекции на вимето и појава на гној во млекото. Исто така, употребата на овој хормон води кон зголемување на нивото на инсулин сличен на факторот на раст во млекото, што кај луѓето може да влијае на појава на карцином на дојката, простатата и дебелото црево.

Решение: Купувајте ако е можно еколошко млеко, добиено без хормони.

Експертите за органска храна никогаш не би јаделе јаболка од супермаркет

Проблем: Кога би имало натпревар во натопеност со пестициди, јаболките би освоиле прво место. Зошто? За да бидат отпорни на разни штетници јаболките се прскаат повеќе од 10 пати уште на самиот овоштарник. Згора на тоа за да бидат свежи и да го задржат својот вкус тие додатно се шприцаат и во магацините и супермаркетите. Сето ова произведувачите и продавачите на јаболки не го сметаат за штетно, но истражувањата покажуваат дека работниците на фармите обично имаат поголема шанса да заболат од карцином. Неодамнешните студии се поврзуваат со откритие дека зголемената оптовареност на организмот со пестициди и други слични хемикали доведува до појава на Паркинсонова болест.

Решение: Купувајте домашни мали јаболчиња на пазар. Некој мудар човек рекол: тоа што не го сака црвчето, не го јадете ни вие.