Првиот трејлер за долгоочекуваниот филм „Фантастични ѕверки: тајните на Дамблдор“ конечно е тука, а веќе доби значителен број коментари. Имено, љубителите на приказната за волшебниците со нетрпение ја очекуваат пролетта 2022 година, кога новото продолжение ќе ја види светлината на денот.
Обожавателите, кои беа разочарани по веста дека Џони Деп ќе биде заменет со данскиот актер Мадс Микелсен во улогата на Гринделвалд, сега за првпат можеа да видат како ќе изгледа. А она што го забележавме е дека не се многу ентузијасти. Иако Микелсен се појави во трејлерот само неколку секунди, тоа беше доволно за да започне лавина од коментари.
„Непростливо е тоа што му го направивте на Деп“; „Го сакам овој филм, но не вреди да се гледа без Џони Деп“; „Фала, но не планирам да го гледам“; „Вратете ни го вистинскиот Гринделвалд“, напишаа тие на Твитер.
Сепак, имаше и такви што се согласија дека треба да му се даде шанса на новиот актер.
„Микелсен не е виновен, тој е добар глумец“; „Оставете го човекот на мира“; „Мислам дека оваа улога ќе му одговара на Мадс, тоа е друга работа што сме навикнати на Деп“; „Ќе му дадам шанса на Мадс Микелсен, тој е одличен актер“, напишаа тие.
„Ворнер брос“ минатата година побара од Деп да поднесе оставка како Гринделвалд, на што актерот се согласи.
Приказната се врти околу периодот кога професорот Албус Дамблдор открил дека темниот волшебник Гелерт Гринделвалд ќе се обиде да го освои целиот свет на волшебници. Тој го повикува Њут Скамандер за помош и заедно со неговиот тим тргнуваат на опасна мисија. Филмот ќе излезе на 15 април 2022 година.