Што знаеме за Сонцето? Сонцето е старо околу 4,5 милијарди години, според НАСА. Ќе сјае, проценуваат научниците, уште многу повеќе.
– Ѕвездите како нашето Сонце сјаат од девет до десет милијарди години. Значи, нашето Сонце е на половина од животот – велат научниците од НАСА.
Кога ќе истечат тие пет милијарди години, сонцето ќе стане црвен гигант. Тоа значи дека ќе станува сè поголемо и постудено во исто време. Кога ќе се случи тоа, ќе биде поинакво од Сонцето што го знаеме денес. Ќе стане околу 2.000 пати посветло отколку што е сега – велат научниците од НАСА.
Оваа ѕвезда е 109 пати поголема од дијаметарот на Земјата и потешка 330.000 пати. Сепак, со секоја секунда губи неколку тони од сопствената маса кога се претвора во светлина и енергија. Температурата на Сонцето е неверојатни 15 милиони Целзиусови степени. Се проценува дека оваа температура е во самото јадро на Сонцето. Иако го согледуваме Сонцето како жолто, оваа ѕвезда всушност нема една боја, туку е мешавина од неколку. Додека го гледаме низ атмосферата, гледаме дека е заслепувачки бела. Сонцето сочинува две третини од водород, додека една третина е хелиум. Сончевите зраци патуваат осум минути до Земјата, а растојанието е речиси 150 милиони километри.

Фасцинацијата со Сонцето продолжува. Научниците постојано се обидуваат да откријат нешто ново – затоа во 2020 година тие ја снимија ѕвездата со зачудувачки детали. Сликите се направени од Хаваите – со сончевиот телескоп „Даниел К Инује“. Тие покажуваат површина од само 30 километри. На забрзаната слика се покажува како се менува површината на Сонцето во текот на 10 минути. Тоа е слика од Сонцето со највисока резолуција досега, а неговиот изглед е најблиску до блескавата лава, која постојано се движи.
Бојата се движи од жолта до црвена. Кога гледаме во Сонцето, но со голо око, можеме да забележиме дека некогаш е црвено.
– Суштината е во расфрлањето сончева светлина, а не се расфрла рамномерно. Секоја боја има различна бранова должина и затоа секоја нијанса изгледа како што изгледа. На пример, виолетовата има најкратка бранова должина, додека црвената има најдолга. Следниот чекор е да ја разбереме нашата атмосфера, слоевите на гасови – како кислородот што го дишеме – што ја опкружуваат нашата планета и овозможуваат живот на неа – вели астрономот Едвард Блумер од кралскиот музеј „Гринич“.