Според најновите објави на веб-страницата „Д врап“, актерот номиниран за „оскар“ е во рана фаза на преговори со ДС за репризирање на улогата што тој последен пат ја играше во „Враќањето на Бетмен“ во 1992 година. Ѕвездата на „Човек-птица“ ќе се појави во „Флеш“, каде што главната улога му припадна на Езра Милер, кој беше претставен во „Бетмен против Супермен“, пред да се појави и во „Лигата на правдата“. Засега сè уште не е јасно колку голема или мала би била улогата на Китон.

„Флеш“ ќе биде во режија на режисерот на „Тоа“, Енди Мускети, откако Рик Фамујива го напушти проектот во 2016 година. Приказната, како што велат продуцентите, ќе се дистанцира од двата филма за Бетмен на Џоел Шумахер, и ќе продолжи од моментот на враќањето на Бетмен. Филмот се заснова на стрипот „Флешпоинт“ од 2011 година, кој го прикажува патот на Флеш назад низ времето за да ја спаси неговата мајка.
Откако Бен Афлек се повлече од улогата, Роберт Патинсон официјално ќе го преземе ликот на Бетмен во истоимениот филм „Бетмен“, во режија на Мет Ривс, кој го режира филмот „Кловерфилд“.

Веста доаѓа само неколку недели откако Зак Снајдер објави дека работи на подолга верзија на „Лига на правдата“ чија премиера се очекува на „ХБО Макс“, додека Хенри Кевил се планира да се врати како Супермен во продолженија на „Аквамен“ и „Шазам“. Следниот ДС-филм е „Вондер Воман 1984“, чија премиера е закажана за во октомври. Филмската публика имаше можност да го погледне Китон во „Дамбо“ на Тим Бартон, а неговите претстојни проекти ја вклучуваат драмата за 9/11 со наслов „Вредно“ и „Судскиот процес на Чикаго 7“ на Арон Соркин. Покрај тоа, се зборува и за негова можна појава во филмот „Морбиус“ на „Сони“, како негативецот од „Човек-Пајак“.