Кина има намера да лансира беспилотно експериментално вселенско летало следниот месец, како дел од пошироката програма за вселенско летање, за транспорт на астронаути до нивните идни вселенски стани­ци, објавија државните медиу­ми. Вселенското летало од новата генерација е предвиде­но да биде лансирано со-­ упо­треба на ракетата „Лонг марч-5Б“ од јужната провинција Хаи­нан, објави новинската агенција „Ксинхуа“, повикувајќи се на кинеската вселенска агенција ЦМСА.

Лансирањето е закажано помеѓу средината и крајот на април. Леталото се развива за кинески вселенски станици и идни истражувања на вселе­ната. Ќе биде поголемо од се­гаш­ното вселенско летало „Шен­жоу“ и ќе може да се ко­рис­ти повеќепати.
– Мисијата ќе ги тестира клучните технологии на новото вселенско летало за екипажот, како што е контролирање на неговото повторно влегување во атмосферата, термички оклоп и сл. Со тоа ќе се постават теме­лите за развој на транспорт на идните астронаути до кинеската вселенска станица – вели Јанг Кинг, дизајнер на вселенски летала во кинеската академија за вселенска технологија.

Долго 8,8 метри и со тежина од полетувањето 21,6 тон, ле­талото ќе може да носи шест астронаути, што е повеќе од максималниот капацитет на „Шенжоу“, кој е ограничен на три лица. Целта на Кина е да ја заврши вселенската станица, која ќе има постојана екипа око­лу 2020 година. Вселен­ското ис­тражување стана гла­вен прио­ри­тет за Кина во по­след­ниве години, додека се оби­дува да ги достигне Русија и САД и да стане вселенска сила до 2030 година.