Фото: З.А

Вечерва во ликовната галерија во Центарот за култура во Кичево, беше отворена изложба со дела изработени од кичевскиот мајстор казанџија, Коста Галиманоски со работен наслов „Балканот низ времето“.

На изложбата беа претставени 11 грбови и амблеми, 15 изработки на фигури, четири слики во бакрорез и многу други елементи. Присутните на оваа изложба беа презадоволни што и во нивниот град се случува еден ваков настан каков што ретко кој град може да се пофали.

Фото: З.А
Фото: З.А

– Овие творби кои вечерва се претставени на мојата втора самостојна изложба ги изработив во изминатите десетина месеци и сум целосно задоволен од она што го создадов и кое ќе остави траен белег во моето работење. Овие дела и делата од првата самостојна изложба од лани би сакал да ги обединам во една музејска поставка која би се отворила во нашиот град, која ќе го буди интересот како на локалните жители, а уште повеќе на странците кои ќе го посетат нашиот град. Јас нема тука да застанам туку ќе продолжам да креирам и нови модели и уникати, кои очекувам и се надевам дека ќе бидат претставени на мојата трета самостојна изложба која планирам да ја реализирам во наредните две до три години – нагласи мајстор Коста на оторањето на изложбата.

Посетителите беа исклучително задоволни од она што вечерва беше претставено на втората изложба на Галиманоски и без исклучок сите со поволни впечатоци ја проследија изложбата.

Фото: З.А

– Вечерва имавме посебна привилегија да присуствуваме на изложба какви што ретко се случуваат во нашиот град и во земјава. Мајстор Коста создал толку убави и многубројни дела со што се вбројува во најинвентивните мајстори казанџии во земјава. Се надеваме дека мајсторот ќе продолжи и во наредните години да ни подарува вакви богати и уникатни изложби – истакна Сашо Димитриески еден од редовните посетители на изложбите во Кичево.

З.А