Во ликовниот салон од Домот на културата во Македонски Брод беше отворена изложбата на слики „Костими од времето на Манаки“, проект подржан од Министерството за култура а реализиран во соработка со Завод и музеј на град Битола.
-Оваа изложба што ја сочинуваат четириесет црно-бели фотографии од времето на Манаки, датира од почетокот на 20-от век.За да биде збогатен овој настан, покрај изложбата ги понудивме и неколкуте краткометражни филмови од истиот период и од истиот автор-рече кустосот Брачиќ, која го предочи смисолот на четиресетината црно-бели фотографии застапени во овој циклус – рече Наде Геневска-Брачиќ, кустос од Заводот и музеј Битола.
Изложбата побуди голем интерес кај граѓаните на Македонски Брод. Многу ученици и граѓани ги проследија изложбата и краткометражните филмови. Ќе биде на располагање на љубителите на уметноста од Македонски Брод до 5-ти јуни.
З.А.