Повеќе меѓународни организации од 10 земји (САД, Германија, Англија, Франција, Италија, Шпанија, Украина, Кина, Индија и Јапонија), меѓу кои се и меѓународниот центар „Пегазус Бруке“ (Германија) и меѓународниот уметнички центар „Радиус“ (САД), востановија светско признание што ќе им се доделува на писателите од целиот свет, чија креативност, енергија и благородност го прават светот подобар. Деновиве се соопштени имињата на првите 20 добитници на ова значајно признание, меѓу кои е и името на нашиот истакнат поет и академик Ристо Василевски. За наградата тој е номиниран од Украинската академија за книжевност и уметност, чиј член е. Меѓу лауреатите се: Ролан Сеисенбаев (Казахстан), Милан Грабал (Чешка), Михас Пазњаков (Белорусија), Олена Ананиева (Германија), Абдукахор Косим (Таџикистан), Џејмс Тан (Кина), Михаил Блехман (Канада) и др.
Делата на Василевски се преведени на 25 светски јазици и добитник е на голем број други светски значајни меѓународни награди и признанија.