Оперската претстава „Евгениј Онегин“ ќе биде изведена в петок, 24 јануари, во Националната опера и балет, со почеток во 20 часот.
Операта „Евгениј Онегин“ е жестока претстава за љубовта и страдањето. Епска димензија на вечната потрага по љубовта, но и на вечниот круг на страдањето на Онегин, Татјана, Олга и Ленски. Работена е според поемата на најголемиот руски поет и основач на модерната руска литература Александар С. Пушкин и музика од Петар Илич Чајковски, во режија на Дејан Пројковски, сценографијата е на Валентин Светозарев, костомографија Марија Пупучевска, кореографија Олга Панго.
Диригент е Иван Еминовиќ, а настапуваат: Марика Поповиќ, Сандра Митровска, Николина Јаневска, Соња Пендовска-Мадевска, Дарко Нешовски, Борис Трајанов, Евгениј Станимиров (Бугарија), Диме Петров, Борко Биџовски, Хорот, Оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.