Филмскиот фестивал во Кан се поклони пред неизбежното и најави дека најновото издание нема да може да се одржи во „оригинална форма“. Овој потег следуваше по проширувањето на мерките за борба против пандемијата на коронавирусот од претседателот на Франција Емануел Макрон. Покрај тоа што се донесе одлука националната изолација да остане во сила до 11 мај, беше објавено и дека нема да им се дозволи на фестивалите да се одржуваат, најрано до средината на јули.
Фестивалот веќе објави дека веќе нема да ја организира годишната манифестација на традиционалниот начин во средината на мај, сугерирајќи дека се надева дека ќе го презакаже настанот за крајот на јуни и почетокот на јули. Во тоа време, претседателот на Кан, Пјер Лескур, рече дека е „разумно оптимистичен“ дека настанот од 2020 година сепак ќе се случи, по што посочи дека пандемијата на коронавирусот ќе достигне врв на крајот на март и дека ќе дишеме малку подобро во април.
– Признавме дека тоа повеќе не е опција – велат сега од организацијата.
Кан сè уште се надева дека фестивалот ќе може да се одржи во некаква форма оваа година, велејќи дека тие „ќе ги истражуваат сите непредвидени ситуации“ за да го направат „Кан 2020 реален, на еден или на друг начин“.