Кина денеска соопшти дека речиси 60.000 луѓе со Ковид-19 починале во болниците откако државата ненадејно ја прекина политиката на нулта толеранција на коронавирусот на почетокот на декември.
– Меѓу 8 декември и 12 јануари, вкупно 59.938 луѓе со просечна возраст од 80,3 години починале во кинеските болници од коронавирус – рече на брифингот со новинарите директорката на Бирото за медицинска администрација при Националната здравствена комисија, Џиао Јахуи.
Таа рече дека 5.503 смртни случаи се предизвикани од респираторни проблеми поради Ковид-19, додека 54.435 се резултат на комбинација на коронавирус и други болести.
Кога станува збор за починатите, 90,1 отсто биле на возраст од над 65 години.