Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД, јавија руските медиуми.
– Би сакал да ја искористам оваа прилика да му честитам (Трамп) за неговиот избор на функцијата претседател на САД – рече Путин за време на говорот на состанокот на Меѓународниот клуб за дискусија „Валдај“.
– Зборовите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за украинската криза заслужуваат внимание – рече Путин.
– Она што беше кажано од Трамп за желбата да се обноват односите со Русија, да се придонесе за решавање на украинската криза, ми се чини дека заслужува барем внимание – додаде рускиот лидер.
Меѓународниот клуб за дискусија „Валдај“ е здружение на водечки странски и руски експерти од областа на политичките науки, економијата, историјата и меѓународните односи.
Клубот е создаден во септември 2004 година на иницијатива на агенцијата РИА Новости, Советот за надворешна и одбранбена политика, списанието „Русија во глобални работи“ и Русија профил.
Валдаи е една од водечките светски платформи за интеракција помеѓу руската и меѓународната интелектуална и политичка елита.