Фото: Принтскрин

Украина на вториот мировен самит ќе и претстави на Русија конкретни мерки за постигнување мирно решавање на конфликтот во Украина – изјави синоќа во Швајцарија претседателот на Украина Володимир Зеленски на глобалната мировна конференција за Украина.

Зборувајќи на пленарниот состанок на самитот, Зеленски им рече на присутните дека Русија не е заинтересирана за мир и дека учесниците на самитот треба заедно да одлучат како да постигнат мир „на вистински траен начин“ и во согласност со Повелбата на ОН – објавија украинските медиуми.

-Кога планот за акција ќе биде на маса, договорен од сите и транспарентен за сите, тогаш тој ќе биде доставен до претставниците на Русија, за на вториот мировен самит да го означиме вистинскиот крај на војната – рече Зеленски.

На мировниот самит што се одржува во градот Бургеншток, недалеку од Луцерн, присуствуваат над 100 претставници на земји и меѓународни организации.