Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, одговарајќи на новинарско прашање за содржината на извештајот на Европскиот парламент за Турција, рече дека Анкара може да се „раздели“ со Европската унија доколку е потребно.
Во извештајот, усвоен претходно оваа недела, се наведува дека процесот на пристапување на Турција во европскиот блок не може да продолжи под сегашните околности и ја повикува ЕУ да ја истражи можноста за примена на „паралелна и реална рамка“ кога се занимава со односите со Анкара.
Турција е официјален кандидат за членство во ЕУ веќе 24 години, но преговорите за пристап беа закочени во последниве години поради загриженоста на блокот за кршење на човековите права и почитување на владеењето на правото во Турција.
-ЕУ се обидува да се раздвои од Турција- им рече Ердоган на новинарите пред неговото патување во САД.
-Ние ќе дадеме свои проценки во однос на ваквиот развој на настаните и, доколку е потребно, можеме да се раздели со ЕУ.
Турското Министерство за надворешни работи изјави претходно оваа недела дека извештајот на Европскиот парламент содржи неосновани обвинувања и предрасуди и дека има „плиток и невизионерски“ пристап кон врските на Турција со ЕУ.