Tramp - Zelenski
Фото: ЕПА
Американскиот претседател, Доналд Трамп, му предложи на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, САД да ја преземат контролата врз украинските електрани за да се осигура нивната безбедност – пренесува „АП“.
Трамп му рекол на Зеленски дека САД „може да бидат многу корисни во управувањето со овие постројки со својата експертиза за електрична енергија и комунални услуги“ – се вели во изјавата на државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц.

Трамп додал и дека „американската сопственост на овие електрани може да биде најдобра заштита за таа инфраструктура“.