Сторми Дениелс/Фото: Принтскрин

Пропаднаа надежите за мирен семеен живот на порноѕвездата Сторми Дениелс заедно со нејзиниот четврти сопруг на заедничкиот ранч во американската сојузна држава Флорида, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп, изминатиот викенд, најави дека ќе биде уапсен поради истрагата за наводно прикривање на исплата од 130 илјади долари кон неа, во пресрет на претседателските избори во 2016 година, пишува британски „Телеграф“.

Адвокатот Мајкл Коен веќе беше осуден на три години затвор во 2018 година откако призна вина за избегнувањето на плаќање данок и за финансиски прекршоци во претседателската кампања на Трамп во врска со исплатата за Дениелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, како и за поранешниот модел на магазинот „Плејбој“, Карен Мекдугал, која исто така тврдеше дека имала интимни односи со Трамп. Трамп ги негираше ваквите тврдења, како и дека имал сознание за исплатата, нагласувајќи дека не сторил ништо незаконско.

Веќе ништо не ја спречува поранешната плејбој-зајачица да зборува за Трамп

Но изгледите за покренување обвинение од окружниот обвинител во Менхетн ја отворија можноста Трамп да стане првиот американски претседател што ќе одговара пред суд за криминален прекршок, со што судењето веројатно би се поклопило со следните претседателски избори в година. А тоа би значело пропаѓање на намерата на Трамп повторно да се кандидира за претседателската функција.

Токму затоа повторно е актуелно и тврдењето на Дениелс, што се однесува за наводна средба со Трамп од јули 2006 година. Таа го привлече вниманието на јавноста во 2018 година кога го тужеше Трамп и кога нејзината приказна беше објавена во медиумите. А оттогаш се обидува и да го искористи публицитетот. Се појавуваше во реални шоу-програми, промовираше разни производи, имаше настапи како стендап-комичарка, а минатиот месец објави и мемоари. Сега светските медиуми ја ословуваат како сериозна закана за политичките амбиции на Трамп.