Фото: МНР на Белорусија

Руската страна откри кои прашања ќе бидат на дневен ред на денешната втора рунда преговори меѓу Русија и Украина. Владимир Медински, советник на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека блокот руски предлози во преговорите со Украина се состои од три дела: воено-технички, хуманитарно-меѓународен и политички.

Медински рече дека преговорите меѓу двете страни се очекува да започнат околу 15 часот по локално време.

– Се чека украинската делегација – рече Медински.

Вториот круг преговори, наводно, ќе се одржи во регионот Брест во Белорусија.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека преговорите меѓу Русија и Украина ќе се одржат и дека тие ќе се одржат денеска. Сепак, како што наведе, „Киев не учествува самостојно во преговорите“.

– Украинската делегација повторно најде изговор да ги одложи преговорите. Веројатно чекаат инструкции до Вашингтон, во тоа нема сомнеж. Оваа земја воопшто не е независна – рече Лавров.