Фото: Принт-скрин

Мила Кунис и Ештон Качер разговараа со украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој им се заблагодари за собраните пари.

– Ештон Качер и Мила Кунис, која е родена во Чернихив, беа меѓу првите јавни личности кои решија да ни помогнат. Тие веќе собраа 35 милиони долари и ги испраќаат парите до „Флекспорт“ и „Ер-би-ен-би“ за да им помогнат на украинските бегалци. Благодарен сум за нивната поддршка и импресиониран од нивната решителност. Тие го инспирираат светот – напиша Зеленски на Твитер.

Фото: Твитер/Мила Кунис