Фото: Пиксабеј

Вооружената група која минатата недела киднапираа 286 ученици и вработени од училиште во северна Нигерија, бараат вкупно една милијарда нигериски наири (околу 620.432 долари) за нивно ослободување.

Учениците од основно училиште во градот Курига, лоциран во северната нигериска држава Кадуна, беа киднапирани заедно со членовите на училишниот персонал на 7 март, во првото масовно киднапирање во Нигерија од 2021 година.

Портпаролот на семејствата на заложниците изјави дека вчера добил телефонски повик од киднаперите кои побарале откуп за ослободување на киднапираните ученици и училишниот персонал.

Киднаперите дале ултиматум парите да бидат исплатени во рок од 20 дена од денот на киднапирањето, а доколку не биде исполнето нивното барање, ќе ги убијат сите заложници.