Фото: Принтскрин

Извршниот директор на „UnitedHealthcare“ Брајан Томпсон (50) денеска бил застрелан во градите во центарот на Менхетен додека тој требало да присуствува на годишната конференција за инвеститори на компанијата, oбјави „Си-ен-ен“

Вооружениот напаѓач побегнал, а инспекторите продолжиле со истражување на областа. Полицијата верува дека осомничениот побегнал во Централ парк. 

Убиството се случило кога Брајан Томпсон (50) одел кон хотелот Њујорк Хилтон во Мидтаун Менхетен, за да присуствува на годишната конференција за инвеститори на „UnitedHealthcare“.

Вооружениот маж, бил маскиран и чекал околу 10 минути пред пристигнувањето на Томпсон и повеќе пати пукал во него од околу 20 метри оддалеченост, изјавиле инспекторите за „Си-ен-ен“.

Томсон кој бил во критична состојба, итната помош веднаш го пренела во болница, каде што бил прогласен за мртов, велат извори од Њујоркшката полиција.