Фото: Илустрација/Принтскрин

Од почетокот на кампањата за предавање на нелегалното оружје во Србија, предадени се 108.883 парчиња оружје и мини-експлозивни направи, изјави Бојана Отовиќ Пјановиќ од Службата за сузбивање криминал при Управата за криминалистичка полиција, објави РТС, пренесува МИА.

– Во тој број се 82.398 парчиња оружје. Тука спаѓаат легално и нелегално оружје што останало во семејните домаќинства по смртта на сопственикот и 26.485 парчиња мини и експлозивни направи, информира Отовиќ Пјановиќ.

Таа посочи дека се предадени и 4.243.139 парчиња муниција и оцени дека ова е досега најуспешна акција за собирање на нелегалното оружје.

Рокот во кој српските граѓани требаше да го предадат нелегалното оружје и муниција без последици истече ноќеска на полноќ.