Фото: Архива

Стотици Бугари од пограничните места патуваат во Македонија за да купуваат медикаменти што им недостасуваат во домашните аптеки, поради проблемите со снабдувањето и високите цени на лековите во Бугарија, пренесуваат бугарските медиуми.

– Градот Делчево е на само 15 километри од границата и 30 минути возење од Благоевград. Во последните месеци тамошните фармацевти читаат се повеќе бугарски рецепти. Знаат за проблемите со недостигот на лекови кај нас. Во македонската аптека Бугаринот обично е дарежлив. Тој купува повеќе бидејќи лековите се поевтини, иако тоа не е секогаш случај. Најчесто се бараат лекови против главоболки, симптоми на грип и висок крвен притисок – пишува Нова ТВ.

Бугарите што доаѓаат во Делчево, како што се посочува, никогаш не се враќаат само со лекови, туку секогаш носат вреќа со прехранбени производи набавени од локалните трговци.