Фото: Принт-скрин

Голем шумски пожар во источниот дел на грчкиот остров Тасос е активен од синоќа, а утрово, превентивно е евакуирано приморското село Кинира, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот е во планински непрооден дел, интервенираат 102 пожарникари со пет пешадиски тима и 33 возила, шест авиони и шест хеликоптери од кои еден е за координација, а помагаат и пожарникари волонтери, армијата, како и цистерни и возила од општините.

Поголемиот дел од пожарникарите на островот пристигнаа од северна Грција.

Преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите и оние кои се наоѓаат во селото Кинира, превентивно да се евакуираат кон Лименарија.