Ниту еден бугарски војник нема да учествува во конфликт или операција на територијата на Украина или на друга земја без овие одлуки да бидат донесени во оваа сала на Националното собрание.
Ова го изјави бугарскиот министер за одбрана Стефан Јанев, информирајќи ги пратениците за ставот на Бугарија за руско-украинската тензија, јави репортерот на БГНЕС.
Тој смета дека присуството на бродови во Црното Море не носи сериозни конфронтации.