Фото: принтскрин

Два дена по масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ каде загинаа чуварот и осум ученици, полицијата од училиштата добила 25 пријави.

Во извештаите на српските медиуми се наведува дека некои ученици го имитираат Коста Кецмановиќ, кој уби девет лица, а рани седум.

Децата симулираат пукање, убиство, прават списоци со имињата на децата што наводно ќе ги убијат.

Осум деца и еден чувар беа убиени во средата наутро во вооружен напад на четиринаесетгодишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.

Шест ученици и една наставничка беа повредени, а напаѓачот уапсен.