Бурата „Кијара“ денеска се очекува да ја погоди Велика Британија, како и делови од северозападна Европа, донесувајќи ветрови со брзина над 120 километри на час и поројни дождови.

Во Британија е издадено предупредување до граѓаните да не излегуваат и да останат во своите домови, пренесува „Експрес“.

Бурата „Кијара“ е најсилната во последните неколку години што ќе ја погоди оваа островска земја, па се очекува хаос во сообраќајот, поради што граѓаните се советуваат да не тргнуваат на пат без итна потреба.

Се очекуваат откажувања и во авиосообраќајот, како и проблеми во железничкиот и поморскиот сообраќај.

„Кијара“ ќе ги погоди и Ирска, како и Белгија и северот од Франција, а потоа ќе тргне во правец на Скандинавија.