Поранешниот советски претседател Михаил Горбачов смета дека следниот состанок на американскиот претседател со рускиот претседател би можел да биде историски настан.

Горбачов смета дека ако Владимир Путин и Доналд Трамп направат чекори за соработка, нивниот состанок би можел да остане запишан во историјата како голем момент.

Тој додаде дека Хелсинки, главниот град на Финска, е одлично место за таков состанок.

Горбачов се сретна во Хелсинки во 1990 година со тогашниот американски претседател Џорџ Буш.