Велика Британија ќе го одбележи истапувањето од ЕУ наредната година со издавање на специјална монета.

Британскиот министер за финансии Филип Хемонд го промовира издавањето на специјалната монета со аопен од 50 пени.

На монетата ќе пишува „Пријателство со сите нации“ и ќе биде издадена на 29 март, кога Велика Британија треба да го напушти европскиот блок по 45 години членство.

Противниците на Брегзит не се импресионирани од овој гест и на социјалните мрежи се шегуваа за негативните аспекти од напуштањето на ЕУ на британската економија.

Пратеникот на опозициската Лабуристичкат партија, Вес Стиринг на Твитер напиша дека Владата претставува нова монета вредна од 50 пени по Брегзит, со слика над банкнота од една фунта, која во моментов вреди двојно повеќе.