Дел од корисниците од скопското село Морани утре од 9 до 15 часот ќе бидат без електрична енергија.

Во периодот од 8:30 до 14:30 часот утре без струја ќе бидат корисниците од фирмите „Фокус“, „Дарко Алексов и Славе Андреев“, „Синтек“, бензинската пумпа „Мустафа и Неат“, фурната „Валдрим Насуфи“, „Медикус Хелп“ и дел од некои други фирми на Качанички Пат.

Од 9:30 до 13:30 часот без снабдување со струја ќе бидат корисниците од селото Средно Коњари, а од 8:55 до 12 часот корисниците од Булачани, Кучевишка Бара, Љуботен, Радишански Пат, Виниче, Црешево, Раштак, Љуботенски Пат, Страчинци, Радишани, Радишани и Смиљковци.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.