Велика Британија денеска им оддава почит за службата и за жртвувањето во Втората светска војна на британските и на силите од Комонвелтот, како и на сојузничките сили, пренесува „Гардијан“.

Годишнината секоја година се прославува со собири и со оддавање признание на вооружените сили. Меѓу последните значајни прослави била онаа во 2015 година, по повод 70-годишнината од Денот на победата, што беше обележана со тридневно славење.

Британскиот премиер Борис Џoнсон ја повика нацијата да се обедини во чест на достигнувањето и жртвувањето на воената генерација. Поради избувнувањето на пандемијата, годинава нема да има собири, паради или концерти, но сите се охрабруваат да слават од нивните домови.

Во 11 часот ќе се одржи национално двеминутно молчење, кое ќе се емитува на Би-би-си. Принцот од Велс, Чарлс, и војвотката од Корнвол, Камила, ќе го водат двоминутно молчење од Шкотска на денот на славење на победата. Во комеморацијата е вклучено и обраќањето на кралицата Елизабета Втора како и учество на Британците  вопеење на национална песна на Вера Лин „We’ll Meet Again“, прогласена за воена химна.

Авионите на РАФ ќе летаат над Велика Британија за да ја одбележат 75-годишнината од победата.