Фото: ВШК Скопје 72

Илија Стошевски и Миле Трајковски со максимални две победи водат по второто коло на второто првенство на Скопје за шаховски ветерани „13 Ноември“, што се игра во седум кола, по повод Денот на ослободувањето на градот. Првенството го организира шаховскиот клуб на ветерани Скопје 72, во соработка со Националниот сојуз на слепи на Македонија.

Искусниот Стошевски во второто коло со бели фигури го совлада Насер Идризи, додека Трајковски како „црн“ беше поуспешен од Зоран Велковски. Дуелот на првата табла помеѓу Зоран Костадиновски и ФИДЕ-мајсторот (ФМ) Александар Кралевски заврши без победник. По стартното реми, цел поен освои и ФМ Љубомир Хаџи-Манев, кој го принуди на капитулација Лазо Спасовски.

На табелата, веднаш зад водечките двајца, следат седум шахисти со по 1,5 поен. Првенството се игра со темпо од 60 минути, плус 30 секунди по секој одигран потег по играч, а учествуваат вкупно 21 шахист, од кои тројца се ФМ. Г.И.

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

Костадиновски (1.903) – ФМ Кралевски (2.068) реми

Стошевски (1.989) – Идризи (1.591) 1-0

Јовановски (1.735) – Мелник (1.484) 1-0

Велковски (1.434) – Трајковски (1.947) 0-1

Топалов (1.474) – Ташевски (2.128) 0-1

ФМ Илиќ (2.094) – Голубовиќ (1.624) 1-0

Селковски (1.908) – Талески (1.658) 1-0

Величковски (1.423) – Цветковски (1.749) 0-1

ФМ Хаџи–Манев (1.865) – Спасовски (1.697) 1-0

Атанасовски (1.662) – Јаневски (1.601) 1-0

Смилевски (1.586) беше слободен