ЏК Сеишин

Прилепскиот џудо-клуб Сеишин имаше успешен настап на Првенството на Македонија за деца и јуниори, кое се одржа во Скопје, освојувајќи вкупно 16 медали, од кои четири златни, четири сребрени и осум бронзени, во конкуренција на околу 150 џудисти/ки од повеќе македонски клубови.
Кај децата златен медал освои Матеја Николоска, сребрен Тамара Стојковска и Арсениј Димески, додека со бронза се закитија Нарин Ристемоска, Софија Божиноска и Владан Стрезовски.
Кај јуниорите, пак, државни прваци од овој клуб станаа Мартина Јанкоска, Кристина Мантроска и Никола Магдески. Вицепрваци се Георгиј Магдески и Сеадин Ристемоски, додека третото место им припадна на Елеонора Илиоска, сестрите Теа и Теона Настоски, Михаил Стојановски и Михаил Димоски.
Од клубот, предводени од тренерот Дејан Мицкоски, не го кријат задоволството од постигнатите резултати и велат дека и понатаму ќе продолжат со успешни настапи како на државно така и на меѓународно ниво. Г.И.