ЏУДО – НА ТУРНИРИТЕ ВО ЦЕТИЊЕ И ВО СОФИЈА

Прилепскиот џудо-клуб Сеишин оствари забележителни резултати на меѓународните турнири што изминатиот викенд се одржаа во Цетиње (Црна Гора) и во Софија (Бугарија).
На турнирот „13 Ноември“ во Цетиње, Сеишин настапи со седум џудисти, предводени од тренерите Мартин Ристески и Бојан Синадиноски, а беа освоени вкупно пет медали, од кои три златни и по еден сребрен и бронзен, во конкуренција на 400 џудисти од 38 клуба од Хрватска, Македонија, Црна Гора и од Косово. Златниот медал го освоија Немања Џагадуроски, Тамара Илиоска и Теодора Илиоска, сребро освои Марко Василески, а бронзен медал Марко Ацески.
На турнирот на ЏК Локомотив од Софија, меѓу 400 џудисти од Србија, Македонија, Турција, Грција и од Бугарија, Сеишин, предводен од тренерот Марио Тошески, учествуваше со четири натпреварувачи и освои две сребра, и тоа Мила Здравеска и Матеја Николоска. Г.И.