ШАХ – ПО ШЕСТОТО КОЛО НА „ОПЕН СКОПЈЕ 2022“
Велемајсторот (ВМ) од Азербејџан, Вугар Расулов (2.515 рејтинг-поени), и ВМ од Црна Гора, Лука Драшковиќ (2.492), со по 5,5 поени избија на врвот по шестото коло (од вкупно девет) на меѓународниот шаховски турнир „Опен Скопје 2022“, на кој играат вкупно 129 шахисти и девет шахистки од 15 земји.
Расулов ремизира со Русинот Антон Демченоко (2.645, рангиран на првото место пред почетокот на турнирот), додека Драшковиќ го победи искусниот ВМ од Романија, Владислав Неведничи (2.485). Дербито на првата табла помеѓу ВМ од Црна Гора, Никола Ѓукиќ (2.536), и ВМ од Македонија, Кирил Георгиев (2.538), заврши со реми. Со половина поен помалку зад водечките се Демченко, Георгиев и ВМ од Србија, Синиша Дражиќ (2.355). Засега најуспешна шахистка е ЖФМ од Молдавија, Алина Михаилова (2.082), која со четири поени е на 21-то место, а македонска шахистка е Ивана Манова (1.876), која е 50-та, со три поени.
Некои резултати од 6. коло: ВМ Демченко – ВМ Расулов реми, ВМ Неведничи – ВМ Драшковиќ 0-1, ВМ Ѓукиќ – ВМ Георгиев реми, ВМ Арнаудов – ИМ Лазов реми, ВМ Станојоски – ВМ Корнеев реми, ИМ Дулипала – Велјаноски реми, Аслани – ВМ Дражиќ 0-1, Гаврилов – ИМ Николовски 1-0, Михов – ЖФМ Михаилова реми, Димковски – Крстевски 1-0 итн. Г.И.