Матеј Крстовски

КАРАТЕ – „НИКО-КУП“ ВО НИКОЗИЈА

  • Со злато се закити кадетот Крстовски (категорија до 14 години), а бронзи освоија Зејнели и Младеновиќ во борби, како и екипно во борби (до 14 години), каде што настапија заедно Крстовски и Зејнели

Младите каратисти на Металург од Скопје, предводени од тренерот Амир Беговиќ, постигнаа забележителен успех на меѓународниот турнир „Нико-куп“, кој се одржа во главниот град на Кипар, Никозија. Со злато се закити кадетот Матеј Крстовски (категорија до 14 години), а бронзи освоија Меритон Зејнели и Немања Младеновиќ во борби, како и екипно во борби (до 14 години), каде што настапија заедно Крстовски и Зејнели.
Успехот е дотолку поголем ако се знае дека на турнирот настапија 10 држави (Алжир четири каратисти, Бангладеш два, Кипар 493, Грција 96, Унгарија 28, Јордан 19, Мароко 11, Македонија седум, Палестина еден и Украина 23), со вкупно 684 натпреварувачи.
– Задоволни сме од она што го прикажаа на татамите нашите млади каратисти, храбро се бореа, направија по седум-девет борби. Секако дека ќе продолжиме да ги претставуваме клубот и нашата земја најдобро што можеме. Утре нѐ чека нов карате-ден. Честитки за наградените, а ние одиме понатаму со постигнување нови резултати и освојување нови медали – ни изјави тренерот на КК Металург, Амир Беговиќ. Г.И.