Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) објави дека од 2026 година, болидите во Формула 1 ќе бидат помали, побрзи и поеколошки. Според новите правила, тие ќе бидат полесни за 30 кг, 10 см потесни и ќе имаат мотори со речиси 50-50 поделба помеѓу електричната енергија и моќта на внатрешно согорување, а ќе користат целосно одржливи горива, пишува Би-би-си.
Во центарот на правилата од 2026 е концептот што ФИА го опиша како „агилен автомобил“. Тоа значи дека болидите ќе имаат предни и задни крила што ќе се отвораат на рамнините за да ги зголемат отпорот и брзината, но потоа да се затвораат за да ја зголемат силата на перформанси во свијоците. Престигнувањето ќе биде олеснето со систем за зголемување на моќноста на автомобилот, познат како режим на рачно засилување (МОР), наместо сегашниот систем (ДРС). Новата технологија на возачот ќе му обезбеди дополнителна електрична енергија за престигнување. Новите хибридни мотори, кои тројно го зголемуваат количеството електрична енергија, привлекоа двајца нови производители во Формула 1, Ауди и Форд, а ја убедија Хонда да ја промени својата одлука да го напушти овој спорт. Г.И.