Јаник Синер и Данил Медведев ќе играат во финалето на првиот годинашен тениски гранслем-турнир Австралија опен.
Откако претходно денеска Италијанецот Синер го победи бранителот на титулата и најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ, со 6-1, 6-1, 6-7 и 6-3 по сетови во првото полуфинале, попладнево, Русинот Медведев го победи германскиот тенисер Александар Зверев со огромен пресврт во второто полуфинале, со 5-7, 3-6, 7-6, 7-6 и 6-3 по сетови.
Речиси четири и пол часа траеше полуфиналето меѓу Медведев и Зверев.
За Медведев ова е трето финале во кариерата на Австралија опен, откако претходните две ги загуби, во 2021 година од Ѓоковиќ, а во 2022 година од Рафаел Надал. Во својата кариера има еден освоен гранлемслем-трофеј, на САД опен во 2021 година.
Неговиот противник Синер првпат во кариерата ќе игра гранслем-финале.