Шахистките на Македонија со спортскиот директор на репрезентацијата Ѓорѓи Миновски

Македонската машка шаховска репрезентација рангирана 61-ва пред почетокот (2.389 просечен рејтинг), од 187 селекции со вкупно 937 шахисти (235 велемајстори), ремизираше 2-2 со Велс (рангиран 96-ти, просечен рејтинг 2.192 поени), во петтото коло, освојувајќи еден екипен бод на 44. Шаховска олипијада (ШО), во индискиот град Ченаи, што се смета за неуспех. Македонија беше на прагот на изненадувачки пораз, но на првата табла ВМ Звонко Станојоски иако имаше фигура помалку, сепак успеа да ја искористи непрецизноста на противникот во завршницата и со „вечен шах“ да спаси половина поен за конечни 2-2. Останатите три партии од овој меч завршија со поделба на поенот.

Женската шаховска селекција на Македонија пак, рангирана 71-ва (1.863) од 161 репрезентации со 798 натпреварувачки (15 ВМ), ја оствари третата победа на ШО, совладувајќи го со 3-1 Тајланд (рангиран 104-ти, просечен рејтинг 1.535 поени). Ивана Манова и Леа Ефтовска забележаа победи, од кои Ефтовска со убава завршна матна слика, додека Николовска во добиена позиција, но во голем цајтнот, сепак се сегласи на реми со повторување на потезите, а Моника Жежовска во еднаква позиција исто така ремизираше.

Моника Жежовска

По петтото коло машката селекција на Македонија е на 88-то со пет екипни бода (9,5 поени по табли), додека женската селекција е на делба на 74-то место со шест екипни бода (10 поени по табли). Кај мажите, засега водат втората селекција на Индија со максимални 10 бода (17,5 по табли) и Ерменија исто така со 10 бода (15 по табли), а кај жените на врвот со по 10 бода се Индија (15,5 по табли), Грузија (15) и Романија (14,5).

Во шестото коло на ШО, кое се игра утре, по што ќе следува единствениот слободен ден, шахистите ќе ги одмерат силите со Сирија, рангирана 97-ма (2.191 просечен рејтинг), а шахистките со Финска, рангирана 45-та (2.113). До крајот има уште шест кола. Г.И.

ПОЗНАЧАЈНИ РЕЗУЛТАТИ ПЕТТО КОЛО (МАЖИ)

Индија (2) – Романија 2,5-1,5, Шпанија – Индија 1,5-2,5, Англија – Ерменија 1,5-2,5, Израел – САД 1,5-2,5, Франција – Полска 1,5-2,5, Азербејџан – Ќиле 1,5-2,5, Иран – Турција 3-1, Узбекистан – Словачка 4-0, Холандија – Канада 4-0, Словенија – Германија итн.

ПОЗНАЧАЈНИ РЕЗУЛТАТИ ПЕТТО КОЛО (ЖЕНИ)

Франција – Индија 1,5-2,5, Украина – Азербејџан 2-2, Индија (2) – Грузија 1-3, Полска – Романија 1,5-2,5, Казахстан – Куба 3-1, Германија – Монголија 3-1, САД – Перу 1,5-2,5, Индонезија – Ерменија 1-3, Унгарија – Шведска 3,5-0,5, Колумбија – Шпанија 2-2 итн.

ВЕЛС – МАКЕДОНИЈА 2-2

ВМ Гжегош Точек (2.287) – ВМ Звонко Станојоски (2.412) реми (52 потези)

ВМ Џонатан Блекбурн (2.176) – ФМ Емил Ристески (2.405) реми (40)

ВМ Тим Кет (2.197) – ИМ Тони Лазов (2.374) реми (31)

ВМ Алекс Булен (2.106) – Андреј Велјаноски (2.162) реми (41)

МАКЕДОНИЈА – ТАЈЛАНД 3-1

Ивана Манова (1.849) – ЖФМ Сароча Чуемсакул (1.684) 1-0 (57)

Драгана Николовска (1.876) – ЖКМ Араја Промуанг (1.651) реми (26)

Леа Ефтовска (1.634) – Аниа Беле Бурбач (1.375) 1-0 (37)

Моника Жежовска (1.588) – Мелита Бухагиар (1.431) реми (69)