Фото: ШКВ Скопје 72

Илија Стошевски го доби дербито на првата табла против Миле Трајковски и изби сам на врвот со максимални три поени на второто Првенство на Скопје за шаховски ветерани „13 Ноември“, во организација шаховскиот клуб на ветерани Скопје 72, а во соработка со Националниот сојуз на слепи на Македонија. Дуелот на двајцата ФИДЕ-мајстори (ФМ), Александар Кралевски (2.068) и Љубомир Хаџи–Манев (1.865), заврши без победник, како и партијата помеѓу прворангираниот Александар Ташевски (2.128) и Зоран Костадиновски (1.903). Третиот ФМ, Љубомир Илиќ (2.094), освои цел поен против Слободан Цветковски (1.749).

По три изминати кола, од предвидените седум, зад водечкиот Стошевски е Љубомир Илиќ со 2,5 поени, а потоа следи група од седум играчи со по два поена, предводена од Трајковски. На првенството со темпо за размислување од 60 минути, плус 30 секунди по секој одигран потег, почнувајќи од првиот по играч, учествуваат 21 шахист.

Првенството го посети и најстариот ветеран и трикратен шампион на Македонија, Благоја Сотировски-Џагуре, кој притоа прими честитки од шаховските ветераните по повод неговиот 91-ви роденден. Г.И.

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

Трајковски (1.947) – Стошевски (1.989) 0-1

Ташевски (2.128) – Костадиновски (1.903) реми

Мелник (1.484) – Величковски (1.423) 1-0

Цветковски (1.749) – ФМ Илиќ (2.094) 0-1

ФМ Кралевски (2.068) – ФМ Хаџи–Манев (1.865) реми

Идризи (1.591) – Велковски (1.434) 0-1

Спасовски (1.697) – Атанасовски (1.662) реми

Селковски (1.908) – Јовановски (1.735) 1-0

Голубовиќ (1.624) – Топалов (1.474) 1-0

Јаневски (1.601) – Талески (1.658) 1-0

Смилевски (1.586) беше слободен