Компанијата РЕХАУ како партнер на македонската ракометна репрезентација, во насока на подигнување на атмосферата пред бараж дуелот за пласман на СП Данска и Германија 2019, кој во недела ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, организира навивачко катче во функција на подготовка на фановите и обезбедување максимална поддршка на нашите најдобри ракометари.

Биди најгласниот осми играч. Заедно со РЕХАУ биди дел од навивачкото срце кое чука во 7/8.

Нека продолжи приказната која оваа репрезентација една деценија во континуитет ја раскажува во Европа и светот. Биди најгласниот осми играч.
Биди дел од навивачкото срце кое чука во 7/8. Заедно со РЕХАУ официјалниот партнер на македонската ракометна репрезентација.

Организаторите ги канат посетителите да го посетат навивачко катче кое ќе биде поставено од 19.30 часот централно од главниот влез на ВИП Арената. Секој што ќе дојде ќе има можност на неговото лице да биде нацртано најубавото знаме на планетата, а за сите присутни ќе биде обезбеден симболичен подарок.

Бараж натпреварот за пласман на СП Данска и Германија 2019 со репрезентацијата на Романија започнува во 20.30 часот.
Рехау и ти со срце за Македонија!