КОШАРКА – НБА

Членот на Сакраменто, Киган Мареј (23), е седмиот кошаркар во историјата на НБА-лигата што постигнал најмалку 12 тројки на еден меч (11 во низа). Во победата над Јута со 125-104, тој уфрли 47 поени, погодувајќи 12 шута од зад линијата за три поени од 15 обиди. Така, Мареј го собори рекордот на Коби Брајант како најмлад играч во историјата со 12 тројки на еден меч. Брајант тогаш имаше 24 години и 137 дена, а Мареј го постави рекордот на возраст од 23 години и 119 дена. Мареј на овој меч постигна 12 тројки во првите 13 шута, а во третиот период го постави и рекордот на клубот според бројот на поени во една четвртина (26). Првиот играч што постигнал 12 тројки на еден натпревар беше Брајант во 2003 година, а Дониел Маршал го стори тоа во 2005 година. Апсолутен рекордер е Клеј Томпсон со 14 тројки, со поставен рекорд во 2018 година, а Стеф Кари, Зак Лавин и Демијан Лилард имаат постигнато најмногу по 13. Г.И.


НАЈМНОГУ ТРОЈКИ НА ЕДЕН МЕЧ ВО НБА

Клеј Томпсон 14
Стеф Кари 13
Зак Лавин 13
Демијан Лилард 13
Коби Брајант 12
Дониел Маршал 12
Киган Мареј 12